Нејмар постигна голчиште од слободен удар, па го облеа „ладна пот“ (ВИДЕО)

210

Ѕвездата на Сантос Нејмар повторно блесна со прекрасен гол. Поранешниот фудбалер на Барселона постигна убав гол од директен слободен удар во 9. минута за победа на неговиот сегашен тим над РБ Брагантино од 2:0 во четвртфиналето на шампионатот на Бразил.


Бразилецот сепак не го доигра мечот, беше заменет во 76. минута поради повреда, тој се држеше за левата нога.

Нејмар очигледно почнува да ја враќа формата по неуспешниот престој во Саудиска Ал-Хилал. 33-годишниот напаѓач има 3 гола и 3 асистенции на 6 натпревари за Сантос од неговото враќање, а исто така 4 пати бил прогласен за играч на натпреварот.

Не случајно Нејмар беше вклучен во продолжениот состав на Бразил за квалификациските натпревари против Колумбија и Аргентина.

ПретходноКонсеисао: Никогаш не сум сретнал вакво нешто!
СледноАморим со бизарна изјава: Наша цел е да ја освоиме Премиер-лигата