Како што и беше најавено, Арената “Тодор Проески“ во Скопје е затворена, па така Вардар и Работнички овој месец ќе мораат да играат како домаќини на други стадиони.
Веќе во среда (05.03.2025) токму овие две екипи ќе ги одмерат силите во рамките на 22.коло, и Работнички како домаќин го закажа овој меч на теренот на Фудбалската федерација на Македонија.
Ова „Соседско дерби“ започнува во 14 часот.
Допрва ќе видиме дали теренот на ФФМ ќе биде домаќин на овие две екипи овој месец додека се вратат на Арената, посебно ако се знае дека на “Борис Трајковски“ како домаќин игра Гостивар.
Инаку во среда по завршувањето на мечевите од 22.коло, ќе се знаат и двојките во третиот “Бергер“ круг во оваа сезона, па тогаш ќе видиме дали Вардар и Работнички дали ќе играат и колку мечеви како домаќини во овој период.















