Младиот и талентиран Анди Исмаили испиша историја викендов на Чаир. Тој е најмладиот дебитант во првиот тим на Шкупи со во моментов 16 години и 82 дена. Тој беше дел од победата над Пелистер од 3:1, а младиот играч секако дека по дуелот се заблагодари за укажаната доверба.
„Многу сум среќен. Многу сум благодарен на клубот што ми даде можност да дебитирам со првиот тим на 16 години. Ова е сонот на повеќето фудбалери во нашата академија. Сите тие сакаат да дебитираат како мене.
Во моментот кога влегов во игра, тоа беше голема, посебна емоција. За мене беше неверојатно добро што влегов на теренот како 16-годишник. Благодарам и на јавноста која одлично ме пречека, ме поддржа и многу ме охрабри. За мене беше многу подобро да дебитирам на Чаир отколку да се случи како гостин.
Во иднина се надевам дека ќе одиграм што повеќе минути, а тимот ќе продолжи да победува“ – изјави Исмаили.
Тој е трет по старост најмлад играч во ПМФЛ шампионатот кој што дебитирал по Дашмир Елези од Шкендија и Елиф Елмас во дресот на Работнички.