И со право тренерот на Гостивар, Мерт Нобре вчера на Маџари за време на средбата со Работнички беше намуртен и крајно нерасположен. Како прво неговиот тим се спаси од пораз во дербито (беше 0:0 на крајот), а како второ Гостивар и на оваа средба не постигна гол. Четири пролетни меча, со се таа во Купот, и само еден гол и тоа од пенал. Или севкупно, ако ги сметаме и последните мечеви од есенскиот дел, неговиот тим не знае што е гол од игра цели 544 минути.
Така и дефинитивно не се станува шампион, ако се сетиме на изјавата на Бразилецот со турски пасош пред стартот на пролетниот дел. Од ова може да се заклучи дека Гостивар, клуб со убедливо најголем буџет во ПМФЛ, е во невидена голгетерска криза.















