Тренерот на Лион му се внесе во лице на судијата, му се заканува суспензија од 7 месеци

236

Лион на домашен терен го совлада Брест со 2:1 во 24. коло од францускиот шампионат. Во петтата минута од судиското надополнување, тренерот на Лион, Пауло Фонсека, доби црвен картон откако жестоко реагираше на одлуките на главниот судија Беноа Мило.

Реакцијата на Фонсека на исклучувањето беше уште пожестока. Тој се втурна во лицето на судијата и викаше, играчите за момент го оддалечија, но тој веднаш се сврте и тргна во нов вербален напад, кој можете да го погледнете на приложеното видео. Фонсека се извини пред камерите.

“Се извинувам за моето однесување, не требаше да го сторам тоа. Фудбалот нè наведува да правиме работи кои се погрешни. Се извинувам”, изјави Фонсека.

На клупата на Лион дојде на крајот на јануари. На пет натпревари оствари три победи и два порази, а неговиот тим е на шестото место во Лига 1.

Францускиот медиум RMC објави дека Фонсека се соочува со суспензија до седум месеци, во зависност од тоа што ќе напише во конечниот извештај и дали брзото извинување ќе ја ублажи казната. Тој е португалски тренер кој во својата кариера раководел со клубови како Порто, Брага, Шахтјор, Рома, Лил и Милан.

ПретходноФОТО НА КОЛОТО: Она кога ти сакаш титула, а твојот тим 544 минути нема дадено гол од игра!
СледноОфицијално: ФК Вардар повеќе не е блокиран од УЈП и АДИССДП