Македонската фудбалска репрезентација ја очекува стартот на квалификациите за Европскиот шампионат, а како прв наш предизвик се појавува гостувањето кај Лихтенштајн на 21. март.
Селекторот Благоја Милевски веќе го објави списокот на повикани фудбалери, а истите ги очекува во понеделник на официјалната прозивка.
Таму ќе се најде и Исник Алими, играчот на кинески Далиан, кој што преку социјалните мрежи ја искористи можноста да се заблагодари на поканата. И да додаде дека со радост ќе патува триесет чеса од Кина до Скопје, а потоа и го Лихтенштајн само за да и помогне на Македонија да оствари добар резултат.
„Благодарам за подрршката. Ме чека триесет часа пат, но јас ќе бидам таму за да помогнам и ќе дадам се од себе за Македонија“ – напиша Алими.
Тој е вистинско освежување за нашиот национален тим на последните мечеви, каде што добива полна минутажа, а возврати и со голови.