Мемеди е младински балкански шампион во борење

1

Омер Мемеди е новиот балкански шампион во борење до 20 години, откако триумфираше на првенството во Копривница, Хрватска. Македонскиот борач до титулата стигна во категоријата до 97 килограми, каде во полуфиналето го совлада Турчинот Јунус Балџи.

Претходно Мемеди забележа две убедливи победи – против Илија Атанасов со 5-3 и против Романецот Балаш Лоринц со 9-2. Со одличниот настап во Копривница, Мемеди го потврди својот квалитет и се искачи на балканскиот врв во конкуренција до 20 години.

ПретходноПознати судиите во Швајцарија: Летонци на центарот во Луцерн