Џејлен Дурен и следните 5 години ќе го носи дресот на Детроит

21
Фото: 𝔗𝔥𝔢 𝔇𝔢𝔱𝔯𝔬𝔦𝔱 𝔗𝔦𝔪𝔢𝔰 @the_det_times (X)

Џејлен Дурен и официјално останува во Детроит Пистонс, откако двете страни договорија петгодишен договор вреден 200 милиони долари. Дурен зад себе има одлична сезона во која за првпат беше избран за Ол-стар и се најде во третата петорка на НБА.

22-годишниот центар во регуларниот дел од сезоната просечно постигнуваше 19,5 поени и 10,5 скока по натпревар, со 65 проценти реализација од поле. Преговорите траеја долго, а Дурен имаше можност да прифати едногодишна понуда од 9,6 милиони долари и следното лето да стане неограничено слободен агент.

ПретходноМемеди е младински балкански шампион во борење
СледноКожув победнички заминува од Скопје (ФОТО)