И во вториот контролен меч со селекцијата на Полска, машката младинска репрезентација на Македонија одигра нерешено. Овој пат конечниот резултат беше 27:27. Исто како и на вчерашниот натпревар, голманот Давид Брестовац имаше одлична интервенција во последната секунда и не дозволи Полјаците да слават.
Македонија на овие натпревари остана без неколкумина стандардни првотимци, а дел беа и во сениорската репрезентација. Селекторот ги искористи проверките и како контрола пред стартот на финалните подготовки за настап на СП кое ќе се одржи од 18 до 29 јуни во Полска.