Пелистер успеа да слави на гостувањето кај Чаир

65

По поразот од Rаботнички на домашен терен во минатото коло, кошаркарите на Пелистер успеаја да победат денеска на гостувањето против Чаир со 64-69.

Со оваа победа, битолчани се враќаат кон водечката четворка на табелата, додека Чаир ќе остане на осмата позиција и ќе продолжи да се бори за место кое води во разигрувањето за титулата. Вечерва, Пелистер имаше подобар настап во првото полувреме, кога успеа да направи разлика од четири поени (30-34), за во третиот период Чаир да се врати во резултатски егал, намалувајќи на само еден поен во финишот на четвртината.

Во последниот период битолчани по три минути успеаја да се одлепат на +5 (52-57), но Чаир успеваше да се врати до поен негатива, па дури и да поведе (62-61) на три минути пред крајот. Пелистер во последната минута влезе сопредност од три поени, и успеа да ја зголеми на пет поени за 64-69 што беше и конечен резултат на средбата.

Мишковиќ со 20 и Антоан со 15 поени беа најефикасни кај Пелистер, додека кај Чаир Какруки го предводеше тимот со 20 поени.

ПретходноАврамовски го постигна 12. гол сезонава и сега е трет стрелец во турската Втора лига (ВИДЕО)
СледноМарк Маркез до нов триумф на спринт трката во Аргентина