Гостивар обвинува за саботажа: Во Кавадарци бевме затруени со храна

1306

Од ФК Гостивар денеска излегоа со соопштение дека дел од членовите на тимот кои престојувале во хотел во Кавадарци биле затруени со храна.

„Утрото на натпреварот, неколку играчи и членови на персоналот почнаа да се чувствуваат лошо. Првично мислевме дека се работи за едноставен случај на труење со храна или индивидуална болест и очекувавме да помине пред натпреварот. Меѓутоа, кога тимот излезе на загревање, истата непријатност ги зафати сите играчи. Бидејќи остана малку време до натпреварот и за да избегнеме казни, моравме да го започнеме натпреварот. По натпреварот, бидејќи условите на некои играчи се влошија, тие заминале во болница во Скопје на лекарски преглед. Тестовите на крвта потврдија труење, што нè доведе до сомневање за саботажа. Како резултат на тоа, остатокот од тимот исто така беше на преглед. И по повеќе од 24 часа, на целата екипа која престојувала во хотелот е откриено истото труење. Кога ќе се спојат сите скандали што ги доживеавме вчера, се разбира дека станавме жртва на голема завера. Здравјето на десетици луѓе беше занемарено за да не победат на фудбалски натпревар. Ве известуваме дека извештаите за оваа работа ќе бидат доставени и до федерацијата и до судските органи, со барање за истрага за одговорните за оваа саботажа“, се вели во соопштението од ФК Гостивар.

ПретходноИ Фиорентина го декласираше Јувентус (ВИДЕО)
СледноМарк Маркез триумфираше и на трката за ГН на Аргентина