Убав гест на ФК Пелистер: Приходот од дербито со Вардар ќе биде наменет за семејствата на загинатите во Кочани! (ФОТО)

364

Браво, навистина убав, прекрасен гест на ФК Пелистер. Имено попчаднево прволигашот од Битола и официјално потврди дека приходот од билетите од дербито со Вардар, ќе оди кај семејствата на трагично загинатите во страшната трагедија во Кочани.

„ ФК Пелистер ја известува јавноста дека приходот од билетите од натпреварот Пелистер – Вардар во рамките на 25. коло ќе биде наменет за семејствата на трагично загинатите во дискотеката во Кочани. Ги повикуваме сите наши навивачи, симпатизери и љубители на фудбалот да учествуваат во оваа хуманитарна акција.

Цена на билетот: 200 денари

ПретходноКатастрофално судење на турските арбитри на мечот Македонија – Белорусија!
СледноПолни страници спорт, Македонија никаде ја нема: Лихтенштајн не живее во „фудбалски“ филм