Официјално. Пивотот на репрезентацијата на Грција, Николаос Лиапис е најновото засилување на ГРК Охрид за наредната 2025/26 сезона.
Грчкиот ракометар се обврза на верност од миниум 2 години со ГРК Охрид. Лиапис (25 години, 192 цм) доаѓа од тимот на Олимпијакос (Грција) каде што и ја има почнато својата ракометна кариера, а пред тоа бележеше одлични настапи и во дресовите на Аек (Грција) и Адемар Леон (Шпанија).
“Среќен сум што ќе се приклучам на тимот во следната сезона. Возбуден сум што ќе бидам дел од овој нов голем проект. Тимот има големи амбиции и подготвен сум посветено да работам за да ги постигнеме нашите цели. Едвај чекам да се видиме на теренот“ изјави новото име на ГРК Охрид.










