Од денеска до недела ќе се одиграат сите мечеви од последното коло во Првата лига. Први на теренот и тоа денеска ќе истрчаат отпишаниот Вардар и Куманово. „Црвено-црните“ веќе потпишаа пласман во Втората лига, додека на другата страна Марин Докузовски и неговите момци ќе се борат за подобар пласман пред стартот на битката за титулата.
Куманово е на четвртото место со 34 бода, еден помалку од ТФТ и Работнички, па во зависност од расплетот на последните дуели и секако победа може да оди место напред. Мечот се игра во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 17 часот.











