Охриѓани не знаат за доста: Гркот Лиапис е новото засилување на ГРК Охрид!

305

Официјално. Пивотот на репрезентацијата на Грција, Николаос Лиапис е најновото засилување на ГРК Охрид за наредната 2025/26 сезона.

Грчкиот ракометар се обврза на верност од миниум 2 години со ГРК Охрид. Лиапис (25 години, 192 цм) доаѓа од тимот на Олимпијакос (Грција) каде што и ја има почнато својата ракометна кариера, а пред тоа бележеше одлични настапи и во дресовите на Аек (Грција) и Адемар Леон (Шпанија).

Среќен сум што ќе се приклучам на тимот во следната сезона. Возбуден сум што ќе бидам дел од овој нов голем проект. Тимот има големи амбиции и подготвен сум посветено да работам за да ги постигнеме нашите цели. Едвај чекам да се видиме на теренот“ изјави новото име на ГРК Охрид.

ПретходноПоследното прволигашко коло ќе се игра три дена!
СледноЧеферин: Светско првенство со 64 репрезентации? Ова е лоша идеја!