Ракометарите на Радовиш остварија многу важна победа во битката за опстанок, откако на гостувањето кај Прилеп славеа со 26:28. За прилепчани ова беше прв пораз, па со седум бода се уште остануваат на високото второ место на табелата. Радовиш со денешниот триумф останува во битка за опстанок во Суперлигата.
Адамовиќ со 11 погодоци беше најефикасен на мечот, додека Шабановиќ кај домашните постигна 7 гола.
Струга, пак, освои голем бод на гостувањето кај Борец во Велес. Гостите имаа шанса и за победа, но можат да се задоволат и со бод по нерешените 24:24.
Херот на домашните беше голманот Ѓурѓевиќ, додека кај Струга со 10 гола Стојков беше прв стрелец.