Руне ја „занеме“ Барселона и го освои првиот трофеј од серијата 500

150

Данскиот тенисер Холгер Руне го освои турнирот од серијата 500 во Барселона, откако по еден час и 40 минути игра го совлада големиот фаворит Карлос Алкараз во два сета со 6:7, 2:6. Холгер Руне реши да ја прекине серијата на шпанскиот тенисер и да ја освои својата прва титула од серијата 500 во овој прекрасен град.

По првиот сет во кој се играше неизвесно до замиот финиш, Холгер одигра феноменално во вториот и убедливо го победи домашниот играч, што значи дека се врати меѓу 10-те најдобри во светот и од утре е 9-ти на АТП листата.

Треба да се напомене дека Алкараз имаше одредени физички потешкотии во вториот сет и му беше укажана лекарска помош, но го продолжи дуелот.

ПретходноКоментар на 28.коло: Воска е веќе второлигаш, гостиварци во притвор а Шкендија ита кон титулата!
СледноТИМ И ИГРАЧ НА 28.КОЛО: Гандо го носи Работнички во Европа