Рунар Сандефјорд, противникот на Алкалоид во полуфиналето на ЕХФ Европскиот Куп го предводи легендарниот норвешки пивот и поранешен соиграч на Кирил Лазаорв од Веспрем.
Норвешкиот тим од Скопје си замина со пораз од пет гола (42-35), а тренерот на Рунар призна дека биле изненадени, иако очекувале Алкалоид да игра брз ракомет. Мирхол испрати комплименти на адресата на Лазаров.
„Најпрво, честитки за мечот. Беше како што очекувавме. Го анализиравме Алкалоид, знаевме дека играат брз ракомет исто како нас. Имавме проблеми во одбраната и да ја сопреме нивната игра. Да се прими 42 гола е многу.
Лазаров беше еден од најпаметните играчи, сега одигра доста добра игра игра која добро не изолира. Очекував тактички меч, затоа што тој беше важен и за двата тима. Но, во интернационалниот ракомет има многу промени, видовме дека тој знаеше како да не изолира и не изненади. Беше чест да се игра во Скопје против Лазаров и Алкалоид“, изјави Мирхол.
Реваншот се игра на 26 април на гостински терен кај Рунар.