„Шумарите“ со бод од Лондон сеуште се надеваат на ЛШ

184

Екипите на Кристал Палас и Нотингем Форест ремизираа со 1:1 и ги поделија бодовите во вечерашниот натпревар од Премиер Лигата. На „шумарите“ им беше потребен триумф за да се вратат во ТОП-4, но Кристал Палас успеа да усвои бод.

Резултатот го отвори Езе со гол од пенал во 60-тата минута, а само 4 минути подоцна Муриљо донесе изедначување за гостите и го постави конечниот резултат. Кристал Палас се наоѓа на 12-тото место на табелата со 46 бода, а Форест остана на 6-тото место со 60 бодови.

ПретходноЏирона конечно победи во Ла Лига, Миовски доби само 7 минути
СледноЈокиќ постигна 42 поени, Денвер славеше во луда завршница (ВИДЕО)