Џирона конечно победи во Ла Лига, Миовски доби само 7 минути

137

Екипата на Џирона ја совлада екипата на Мајорка со 1:0 во натпреварот од шпанската Ла Лига. Нашиот репрезентативец Бојан Миовски влезе од клупата во 87-та минута и одигра само 7 минути.

Единствениот погодок на мечот го постигна Стуани во 10-тата минута. Со оваа победа Џирона се искачи на 15-тото место на табелата со само 38 бода, а Мајорка има нешто подобар пласман и се наоѓа на 10-тата позиција со 44 бода.

ПретходноМилан со два гола за две минути ја сруши Џенова
Следно„Шумарите“ со бод од Лондон сеуште се надеваат на ЛШ