Ѓоковиќ со пресврт го победи Де Минор и обезбеди четвртфинале на Вимблдон

212
фото: Wimbledon (X)

Седумкратниот шампион на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ го победи Алекс Де Минор во четири сета со 1:6, 6:4, 6:4, 6:4 и се пласираше во четвртфиналето.

Најдобриот тенисер на сите времиња имаше проблем во првиот сет со Австралијанецот, а потоа успеа да дојде до пресврт за победа. Ѓоковиќ и Де Минор одиграа три натпревари еден против друг, а Србинот триумфираше во два наврати.

Во четвртфиналето, Ѓоковиќ ќе се сретне со Флавија Коболи од Италија.

ПретходноРаботнички се „чекираше“ во Унгарија
СледноРФМ дозволи 9 странци на натпревар во Супер лигата за следната сезона