Како што и беше најавено од страна на раководството на Вардар, денеска од 15 часот билетарата на Арената е отворена и можат да се купат билети за вечерашното големо дерби во мак – фудбалот меѓу Вардар и Пелистер.
Познато е дека цената е 300 денари, а изминатите денови билетите се продаваа онлајн.
Па така секој оној кој ќе сака да присуствува вечерва на Арената „ Тодор Проески“ ќе може да си купи билет од билетарата која е во рамките на нашиот најголем спортски објект.
Уште еднаш, “Дербито на Македонија“ меѓу Вардар и Пелистер започнува вечерва во 20 часот.















