Димитар Данев не можеше да посака подобро деби во дресот на најтрофејниот фудбалски колектив, Вардар. Тој вечерва блесна на Арената „Тодор Проески“ постигнувајќи два гола во убедливиот триумф над Пелистер во рамките на првото коло од ПМФЛ.
Младиот фудбалер на Вардар после мечот не ја криеше среќата, посака и во следните мечеви да носи радост и победи за својот тим.
„Многу сум среќен. Не можев да посакам подобро деби, не ни сонував дека ќе постигнам два гола на еден ваков дерби натпревар. Пресреќен сум дека тимот победи, горд сум на момците, сите сме задоволни од бодовите. Се надевам дека ќе продолжиме да ги радуваме фановите со добри игри и победи“, изјави за СПОРТСПОРТ фудбалерот на Вардар.















