Гоце Седлоски вечерва по 100 пат го предводеше Вардар. Големиот јубилеј како тренер на „црвено-црните“ не можеше да го одбележи на подобар начин. Во првото коло од ПМФЛ, Вардар на домашен терен славеше со убедливи 4-1 против вечниот ривал Пелистер.
По завршување на мечот раководството на Вардар му подари врамен дрес со бројот 100, а јубилејот беше дополнет со заедничка фотографија.
За Седлоски ова е втор мандат на клупата на „црвено-црните“, има две титули и еден Куп трофеј, кој го освои минатата сезона.














