Лудогорец со Мачадо против Шкендија

88
ФОТО startphoto.bg

Тимот на Лудогорец, противникот на македонскиот шампион, Шкендија во квалификациите за Лигата на Европа, за претстојните дуели со тетовци, ќе може да смета на едно од своите најнови засилувања, Матеус Мачадо.

Менаџментот на тимот успеа да го регистрира искусниот играч и тој ќе се стави на располагање за дуелите со Шкендија.

Мачадо доаѓа како позајмен фудбалер од тимот на Ел ФАтех, а претходно настапуваше за екипата на Черно Море.

Првиот дуел се игра во Скопје, в четврток на Арената Тодор Проески со почеток од 20:00 часот.

 

ПретходноОхрид 2025: Вардар со победа над Динамо (П) го отвори турнирот „Крсте Андоновски“
СледноФОТО НА КОЛОТО: Преполно беше во Кавадарци!