Гатузо: Ова е најлудиот меч откако сум тренер

219

Репрезентацијата на Италија синоќа на неверојатен начин успеа да слави на гости кај Израел во рамките од Мундијалските квалификации со конечен резултат од 4:5. Голеадата доживеа „врв“ во последните десетина минути од мечот, кога Распадори најпрво донесе водство за Италија во 81. минута, за да Бастони си постигне автогол во 87. минута, па Перец две минути подоцна изедначи на 4:4. Делириумот се случи во првата минута од продолжението кога Сандро Тонали погоди за конечни 4:5.

Селекторот на Италија, Џенаро Гатузо во свој стил го искоментира овој меч.

„Ова беше тотален хаос. Ова е најлудиот меч откако сум тренер. Но тоа е мој провлем не е на играчите.Ако сакаме да играме на одреден начин, и да постигнуваме резултати, ќе мора да се подобриме“ – изјави Гатузо.

Италија по четири кола има освоено девет бодови и е втора на табелата зад Норвешка која има стопостотен учинок од 12 бода од четири натпревари.

ПретходноСуарез е суспендиран со девет меча поради инцидентот со плукањето
СледноКулушевски не предводеше против Италија во Скопје