Македонската фудбалска репрезентација, а тука се мисли веќе на сите категории, речиси четири децении гради своја историја. Понекогаш успешна, понекогаш не успешна, се е тоа еден тек на настани кои Македонија ја прават дел од фудбалската историја.
Нашите национални селекции низ годините одиграа многу мечеви. Многу звезди минати, сегашни идни, поминаа и на Арената, но и на комплексот Фудбалска Федерација на Македонија, каде што грото од мечевите ги играат нашите млади репрезентации.
Кога станува збор за дуелите со Италија, нашиот денешен У21 противник, Спортспорт се сеќава на еден момент кој ќе им ги стопли срцата на сите љубители на фудбалот, а можеби и ќе ги растажи во ист момент.
Далечната сега веќе 2016 година, тогашната У16 репрезентација на Македонија одигра пријателски, развоен турнир во Скопје, на комплексот „Петар Милошевски“. Во таа генерација се појавија неколку екстра талентирани момчиња и едно за нас непознато дете кое за прв пат се појави тука. Тоа беше Дејан Кулушевски. Сегашната мега звезда на Тотенхем, и за жал на репрезентацијата на Шведска. Кулушот на тој турнир го покажа сиот свој талент. Веднаш се виде дека е „играчиште“ и ја предводеше Македонија до реми против Италија и победа против Србија од 3:1 во кој постигна и гол.
Кулушевски потоа се одлучи да игра за Шведска, и повеќе не се појави во дресот на Македонија. Нам ни преостанува секогашп да наоѓаме повод да ги споменеме тие мечеви во кои Кулушевски блесна за Македонија. Барем за момент.










