Шкупи како домаќин ќе го пречека Работнички во Струга

131

Поради суспензија на стадионот на Чаир, тимот на Шкупи следниот свој домашен натпревар ќе го одигра во Струга. Во рамките од новото деветто коло од ПМФЛ шампионатот, Шкупи ќе го пречека Работнички в сабота на 4. октомври, а тоа ќе го стори далеку од дома што се вели дури во Струга.

И онака Шкупи во моментов има сериозни проблеми, од секаков карактер, ова е дополнителен што се вели, затоа што тешко дека ќе ја има поддршката од публиката како што би било тоа на Чаир.

Чаирчани сеуште се надеваат на првиот бод сезонава, додека Работнички е застанат на четири.

 

ПретходноСрушен легендарниот стадион во Шпанија (ВИДЕО)
СледноШкендија досега заработи 4,5 милиони евра, секоја победа во лигашката фаза во ЛК ќе носи плус 400.000 евра, а реми 133.000 евра!