Македонија до 18 години минимално поразена од Словачка

82

Македонската репрезентација до 18 години минимално, со 1:0, загуби од врсниците на Словачка на вториот контролен натпревар одигран во Дунајска Стреда. Погодокот за победа на домаќините го постигна Давид Полтај во 57. минута. Нашите млади фудбалери во 88. минута не искористија 100% прилика за израмнување преку Сејменов, а во дополнителните минути, не беше досуден очигледен пенал за Македонија.

Во првото полувреме не успеаја да најдат решение за дефанзивниот блок на противникот. Создадоа две полуприлики, но ударите на Буцевски во 42. и 44. минута не беа прецизни. По водечкиот гол на Словачка во вториот дел, Македонија се обиде преку Ѓорѓиев и Марковски, но без реализација. Најубавата шанса за израмнување ја пропушти Сејменов на две минути пред крајот кога излезе сам пред домашниот голман, но не успеа да постигне гол за позитивен резултат.

Македонија до 18 години: 12. Дарко Јовчев, 2. Албан Рочи (80` 4. Стефан Стаматоски), 3. Стефан Секирски, 5. Андреј Димовски, 7. Дамјан Буцевски (61` 9. Матеј Сејменов), 8. Габриел Талевски (80` 17. Славчо Мисајловски), 11. Мартин Ѓоргиев (72` 10. Иван Танчев), 13. флори Иљази, 16. Флорент Османи (61` 18. Иво Марковски), 19. Лука Варошаноски, 20. Бојан Велков; Селектор: Димитар Капинковски.

На првиот меч одигран меѓу двете селекции, резултатот беше 2:2.

ПретходноКако гром од ведро небо: Манчестер Јунајтед го донесе првото засилување за следната сезона!
СледноТрамп одби да им даде виза на Иранците за ждрепката за СП 2026