Неверојатно: Баерн уште ги чека парите од Барса за трансферот на Левандовски!

194
ФОТО: FC Barselona/FC

Звучи неверојатно, но така е, барем според медиумите во Шпанија и Германија. Пред три години Роберт Левандовски направи трансфер од Баерн Минхен во Барселона. Каталонците требаше да им платат на “баварците“ 45 милиони евра и тоа на рати, нешто што е вообичаено во модерниот фудбал. Но Баерн Минхен уште ги лека парите, поточно чека 20 милиони евра од тој трансфер.

Познато е дека Барселона во последните неколку години во финансиска криза.

Но не само Баерн Минхен клуб на кој Барселона му должи. Пари од каталонците чекаат и Лидс за Рафиња и тоа 41 милиони евра, но и Севиља за Кунде и тоа 25 милиони евра.

Јасно е дека Барса кога тогаш мора да ги исплати, во спротивно се знаат правилата на УЕФА и ФИФА, па макар тоа била и Барселона.

ПретходноПолувреме во Гент: Македонија „лавовски“ се бори и има 0:0 против Белгија
СледноМишел Платини: Да бев јас претседател на ФИФА, ВАР немаше да постои!