Тухел удри по навивачите: Какви навивачи се тоа кога половина час ги слушавме само Велшаните!?

186
фото: Fearless In Devotion | WREXHAM AFC podcast (X)

Селекторот на англиската фудбалска репрезентација, Томас Тухел ги критикуваше англиските навивачи за нивната недоволна поддршка на вчерашниот контролен натпревар со Велс. Англичаните одиграа фантастично прво полувреме и со три брзи гола дојдоа до победата (3:0).

„Имавме ден и половина да се подготвиме за натпреварот против добро организиран тим и се покажавме многу добро. Можевме да водиме со 5-0 на полувреме. Но, ги промашивме четвртиот и петтиот гол“, изјави Тухел за мечот.

„На стадионот владееше тишина. Не добивме никаква енергија од трибините. Направивме сè што можевме за да победиме, а не добивме ништо за возврат. Ако се што можете да чуете половина час се навивачите на Велс, тоа е тажно бидејќи тимот денес заслужуваше повеќе од тие кои беа на трибините на ‘Вембли’“, рече селекторот на Англија во интервју по мечот.

ПретходноДе Брујне очекува пеколна атмосфера на стадионот во Гент
СледноЕлмас vs. Де Брујне: Двајцата генијалци од под Везув на мегдан во Гент