ФИФА пак се „прави паметна“: Воведува шеста измена но само за продолженијата!?

36
ФОТО: FIFA.COM

Изминативе неколку години, особено по пандемијата, за фудбалот се исклучително турбулентни.

Се воведуваше ВАР, па се додаваа измени од три на пет, па се толкуваа правилата на најразличен начин.
Сега, кровната светска фудбалска асоцијација, ФИФА, ја разгледува можноста да се воведе и шеста измена, покрај постоечките пет.

Поточно, истата би важела само за евентуалните продолженија, што значи дека ова правило би важело, само за големите турнири, или пак во елиминацискиот дел од европските натпреварувања.

Причина за ова се наводно се поголемиот број на повреди, особено во доцните моменти од мечевите, кога измените се најпотребни. Сигналите од Англија, Шпанија и Германија, околу ова се веќе позитивни.

 

ПретходноНовиот тренер на Миовски во Ренџерс доаѓа од Кина?
СледноСаудијците му нудат 500.000 евра неделно, но тој решил да остане во Манчестер Ј.