ПМФЛ: Мега – дербито Шкендија – Вардар се игра в понеделник!

124

Со оглед на тоа дека сите спортски активности во Македонија овој викенд се одложени поради Локалните избори, натпреварите од 10.коло во ПМФЛ ќе се играат наредниот викенд.

Секако дека јавноста најмногу ја интересира за кога е закажано мега – дербито во Тетово каде домашната Шкендија го пречекува Вардар.

И дефинитивно овој меч се игра в понеделник (27 октомври) со почеток од 13:30 часот. Секако дека подобро ќе беше да се игра сабота или недела, ама Шкендија в четврток (23 октомври) го дочекува Шелбурн во рамките од 2.коло во Лигата на Конференции, па затоа мега – дербито се игра в понеделник.

Инаку ова се термините за сите мечеви од 10.коло во ПМФЛ:

24.10.2025 – петок (14:30 Ч)

Куманово: Башкими – Шкупи

Кавадарци: Тиквеш – Аресими

25.10.2025 – сабота (14:30 Ч)

Скопје: Работнички – Македонија ЃП

Струга: Струга ТЛ – Брера

26.10.2025 – недела (13:30 Ч)

Кратово: Силекс – Пелистер

27.10.2025 – понеделник (13:30 Ч)

Тетово: Шкендија – Вардар

ПретходноБомба од Њујорк – после девет сезони во НБА, бекот се пензионира
СледноГарабаја: Имавме добар меч, но не и перфектен