Официјално: Нотингем Форест го отпушти Постекоглу

104

По денешниот пораз од тимот на Челзи на домашен терен во рамките од новото Премиер лига коло, тимот на Нотингем Форест одлучи да го отпушти менаџерот Енџи Посекоглу.

Очајната форма на Нотингем на стартот од новата сезона доведе до тоа да ова решение биде неопходно. Поточно, да се „исече“ проблемот од корен уште на почетокот, за да потоа не биде предоцна.

Нотингем има само пет освоени бодови, во осум досегашни кола, и се наоѓа во моментов, во зоната за испаѓање. Иако колото целосно ќе биде готово дури во понеделник, сепак, ситуацијата нема драстично да се промени.

ПретходноМајорка со гостински триумф кај Севиља
СледноВо Италија денеска стрелците „спијат“