Куртоа повреден: Белгија без голманот на Реал (М) против Казахстан и Лихтенштајн

102

Белгискиот репрезентативен голман Тибо Куртоа ќе ги пропушти последните два квалификациски натпревари од групата Ј за Светското првенство против Казахстан и Лихтенштајн поради повреда, објави Белгиската фудбалска асоцијација.

„Тибо Куртоа попладнево беше на медицински прегледи од страна на медицинскиот персонал на Фудбалската асоцијација на Белгија. Тој нема да биде достапен за претстојните меѓународни натпревари и ќе се врати во Реал Мадрид на понатамошно лекување“, се вели во соопштението.

Белгија гостува во Казахстан на 15 ноември, а три дена подоцна го пречекува Лихтенштајн.

На табелата од Групата Ј, Белгија е прва со 14 бода и натпревар помалку од Македонија, која има 13 бода.

ПретходноКостадинов: Сакаме победа над Летонија, па триумф и над Велс
СледноФудбалер на Барнли се соочува со суспензија затоа што плукал кон навивачи на Лидс