СП 2025: Норвешка закажа финале против Германија во битка за златото

259
фото: International Handball Federation (X)

Норвежанките ја победија Холандија со 35:25 (18:14) обезбедувајќи пласман во финалето на Светското првенство. Ривал ќе им биде германската репрезентација, но врз основа на сè што е прикажано досега, улогата на фаворит е во рацете на Норвежанките.

Норвешка го освои сребрениот медал на Светското првенство во 2023 година, кое заеднички го организираа Шведска, Данска и Норвешка, додека Франција го освои златниот медал, но сега не може д аго брани златото и ќе се задоволи само со борба против Холандија за бронзениот медал.

Во победата на Норвешка вечерва најефикасни беа Хена Рајстад со 10, Нора Мерк со пет, Тале Деила, Марен Ниланд и Аникен Вилик со по три гола. За Холандија, Дионе Хушер и Еставна Полман постигнаа по шест гола, додека Марел Фрерикс и Лариса Нузер постигнаа по два гола.

ПретходноСпектакл во најава: Усик vs. Вајлдер
СледноАртета не го дава: Габриел Жезус останува во Арсенал најмалку до јуни