А- репрезентација 2025/2026: Со Седлоски како селектор во мартовскиот бараж ќе бркаме пласман на СП 2026!

796

Нашата најдобра фудбалска репрезентација успеа по вторпат во својата историја, сега преку Лигата на Нации, да си обезбеди бараж за пласман на СП. Ако за минатиот Мундијал во Катар 2022, непремостлива пречка беше Португалија во Порто, откако ја елиминиравме Италија среде Палермо во полуфиналето, сега на 26 март и гостуваме на Данска во Копенхаген. Ако го минеме овој противник, тогаш во финалето ќе играме со победникот од второто полуфинале меѓу Чешка и Р. Ирска. И на тој меч ќе бидеме гости.No photo description available.

Тешка ждрепка, ама на маката се познаваат јунаците.

А таков јунак треба да биде Гоце Седлоски, новиот предводник на А- репрезентацијата. Не треба да се трошат зборови за Седло. Една од нашите најголеми играчки легенди со 100 настапи во дресот со државниот грб, нашиот капитен, и еден од најтрофејните стратези во мак – фудбалот.No photo description available.

Логичен избор на раководството на ФФМ на чело со Масар Омерагиќ. На 23 декември беше извршена промоцијата, а за тие што сакаа(т) да ја “минираат“ репрезентацијата пред историскиот бараж не треба да трошиме време и простор. На нив интересот на Македонија им е во втор план, бадијала знаемето го ставаа на клупата и го бакнуваа пред секој меч кога беа селектори. Се виде кој е кој.

Да, Седлоски е новиот предводник и Македонија со него како селектор тргнува во поход на пласман на СП 2026. Со него како селектор во баражот ќе бркаме пласман на Мундијалот. И кога сме кај Мундијалот. Ако Македонија успее во тоа тогаш на Мундијалот кој се одржува од 11 јуни до 19 јули, ќе се најде во групата А заедно со Мексико, Ј. Африка и Ј. Кореја. Така сакаше ждрепката.

Да не заборавиме дека само пласманот на СП за ФФМ носи бенефит од најмалку 10,5 милиони долари.

Да си посакаме среќа пред мартовскиот бараж за остварување на сонот.No photo description available.

Секако дека не смееме да го заборавиме и досегашниот селектор Благоја Милевски кој реално имаше успешен мандат. Беше четири години на клупата на А – репрезентацијата и во негово време ќе се паметат сите рекорди, победи во низа, рекордите на голманот Столе Димитриевски, пласманот во двата баражи за СП 2022 и СП 2026, пласманот во Б – Лигата на Нации.

Да не заборавиме дека во квалификациите за пласман на СП 2026, до пред две кола до крајот Македонија беше прва, беше лидер, ама

на крајот заврши како трета зад Белгија и Велс. Веројатно тој пораз од 7:1 кај Велс на гости пресуди да не му се продолжи договорот.

Во секој случај мандатот на Милевски, односно неговото селекторување генерално ќе се памети како успешно.

Сепак, сега е време за нови ветришта во А-репрезентацијата.

ПретходноСе огласи Роберто Карлос по операцијата: „Немав срцев удар!“
СледноИзградбата на спортска инфраструктира останува приоритет и во 2026 година – Министерот Борко Ристовски во работна посета на Кавадарци