Интересно: Пелистер, Силекс, Струга ТЛ и Шкендија со ист авион заминаа за Анталија!

553

Интересно, но веројатно практично. Имено утринава експедициите на чтири наши клубови со ист авион заминаа за Анталија. Тоа се фудбалерите на Пелистер, Силекс, Струга ТЛ и Шкендија. За овие двете последни веќе информиравме, а во истиот авион со тетовци и стружани биле и фудбалерите на Силекс и Пелистер, кои исто така во следните денови ќе тремираат во Анталија и воедно ќе одиграат неколку пријателски натпревари.

Да потсетиме напролет Струга ТЛ и Шкендија ќе водат битка за титулата, Силекс за висок пласман и евентуален излез во Европа а Пелистер за опстанок.

ПретходноРаботнички се пофали со уште едно ново име!(ФОТО)
СледноЛазаров: Ние сме Македонци и поразите тешко ни паѓаат, па дури и од една Данска!