Интересно, но веројатно практично. Имено утринава експедициите на чтири наши клубови со ист авион заминаа за Анталија. Тоа се фудбалерите на Пелистер, Силекс, Струга ТЛ и Шкендија. За овие двете последни веќе информиравме, а во истиот авион со тетовци и стружани биле и фудбалерите на Силекс и Пелистер, кои исто така во следните денови ќе тремираат во Анталија и воедно ќе одиграат неколку пријателски натпревари.
Да потсетиме напролет Струга ТЛ и Шкендија ќе водат битка за титулата, Силекс за висок пласман и евентуален излез во Европа а Пелистер за опстанок.















