По Мерџани и Мухарем, Работнички утринава се пофали со уште едно ново име во своите редови, со уште едно засилуивање. Српскиот интернационалец Никола Пејовиќ (27) е најновото засилување за Работнички. Тој игра во дефанзивната линија и може да одговори на позициите стопер и десен бек.
Негов последен клуб е Борац Бања Лука, а во кариерата има играно и за Рудар Велење, Пролетер, Локомотива Загреб, Рудеш, Емполи, Пистоезе, Земун.















