Фудбалерите на Силекс од денеска се во Анталија. Кратовци во Турцција отпатуваа заедно, со ист авион, со експедициите на Шкендија, Струга ТЛ и Пелистер.
Четата на стратегот Александар Васоски во Анталија ќе се подготвува до 31 јануари. Инаку покрај вообичаените тренинзи, кратовци својот тим ќе го воигруваат и преку пријателски натпревари.
Познати се ривалите и распоредот на сите пет средби кои се планирани за да ги одиграат играчите на Силекс.
Момците на Васоски ќе се “тестираат“ со Бунјодкор (Узбекистан), Словачко (Чешка), Кудривка (Украина), Согдиана (Узбекистан) на Љупче Дориев, Динамо Батуми (Грузија).















