Пријателска: Башкими го “реши“ и Радник Бијелина!

118

Фудбалерите на Башкими редат победи на контролите во Медулин каде се ја одработуваат најважната фаза од зимските подготовки во пресрет на стартот на пролетниот дел од тековната сезона.

Кумановци денеска беа подобри од Радник Бијелина, тим од елитната лига во БиХ и тоа со 2:1. Стрелци на головите за Башкими беа Алексовски во 56. и Маијамона во 69.минута. По првиот дел резултатот бепе 0:1 за тимот од БиХ.

Да потсетиме дека на првиот меч во Медулин (Хрватска), кумановци славеа со 3:0 против Рудар Плевља.

ПретходноСловенија против Хрватска во дербито на денот во Малме
СледноЛина со убедлива победа во Порто!