Силекс загуби на пријателскиот дуел со Согдиана

149

Тимот на Силекс на денешниот контролен дуел во рамките од подготовките во Анталија, Турција, загуби од тимот на Согдиана, инаку екипа која што доаѓа од шампионатот на Узбекистан.

Конечниот резултат од овој дуел гласи 2:0, за противникот со головите на Абдурашидов, односно Тукхтасинов.

Силекс и на овој дуел имаше свои моменти но истите не ги искористи.

Последен тест дуел за кратовци во Анталија, е оној утре против тимот на Динамо Батуми.

 

ПретходноХрватите „вријат“ поради лошата организација на ЕП…. пронајдени црви во храната!!!
СледноМато: Овде се чувствувам како дома (ВИДЕО)