Скок од 12 места на ВТА листата: Лина се врати меѓу најдобрите 200 тенисерки во светот

142
ФОТО: Teniska federacija na Makedonija

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се врати меѓу 200-те најдобри светски тенисерки на најновата ВТА листа објавена денеска.

Нашата тенисерка изминатиов период настапи во квалификациите за Австалија Опен, а стигна и до втората рунда на силниот Челинџер во Порто, по што успеа да освои нови бодови за скок од 12 места на новата ВТА листа на која собра 373 поени.

Лина сега е на 194-то место со надеж дека во следниот период може да го нападне и својот најдобар пласман во кариерата (170-то место).

ПретходноГидсел: Посебно е чувството да станеш европски шампион пред Кралицата
СледноРоналдо во војна со Саудијците: Нема да го игра денешниот меч со Ал Ријад!