Попладнево се одиграа седум меча од 18.коло во ВМФЛ. Секако дека најинтересно беше на дербито, каде во скопската пресметка, Скопје како гостин славеше со 1:2 кај Шкендија Арачиново. Со оваа победа “пиратите“ и дефинитивно се наметнуваат во битката за самиот врв. Скопје поведе со 0:2, за да домашните до кртајот успеаја да го ублажат поразот.
Интересно, и Охрид е поразен и тоа во Кочани од Осогово со 1:0. Па така првите две екипи на табелата денеска беа поразени. Ова не успеа да го искористи Брегалница која како гостин одигра само 0:0 кај Тетекс. Штипските “сини“ паднаа на четвртата позиција, сега трет е Скопје со 38 бодови, два помалку од Охрид и еден од Шкендија Арачиново.
Новаци со победата кај Вардар Неготино со 1:2 сега има 36 бода, па такаи оваа екипа има свои амбиции за највисок пласман, или барем за баражот.
РЕЗУЛТАТИ – 18.КОЛО
Кожув – Саса 2:2
Осогово – Охрид 1:0
Победа – Преспа 1:5
Шкендија (А) – Скопје 1:2
Слога (В) – Детонит 0:4
Тетекс – Брегалница 0:0
Вардар (Н) – Новаци 1:2
УТРЕ, 14 Ч
Беласица – Г.Коњари
ТАБЕЛА
Охрид 40, Шкендија (А) 39, Скопје 38, Брегалница 37, Новаци 36, Детонит 35…










