Многу шанси но не и голови, Брера и Струга ТЛ ги поделија бодовите

151

Брера и Струга Трим Лум одиграа натпревар без голови во Струмица, во 21.коло од Првата фудбалска лига. Иако и двете екипи имаа неколку изгледни шанси, на крајот затаи реализацијата.

Стружани имаа поголем посед, создадоа неколку шанси преку Компаоре, Малески и Јевтоски, но не го отворија резултатот. Не беше без шанси и Брера, а најголемата можност ја имаа Никола Величковски и Леонардо Петровиќ во 52. минута, но голманот на Струга, Васко Василев одлично интервенираше.

Во завршницата, Струга Трим Лум притискаше да дојде до предност, но, сепак, остана почетниот резултат.

ПретходноРоналдо со својот приватен авион си замина од Саудиска Арабија
СледноВардар 1961 со Малус во составот против Бенфика