Кога ќе се победи во едно дерби и тоа на гостински терен, кога ќе се надигра и совлада големиот ривал со 1:2, тогаш повеќе од јасно е дека следува и победничко селфи од соблекувалната веднаш по натпреварот.
Се разбира дека тука мислиме на сите во ФК Скопје кои го имаат и веројатно фото на денот по победата над Шкендија Арачиново.
Со оваа победа сега Скопје по 18.коло има 38 бода и е трет на табелата, со два помалку од лидерот Охрид и еден помалку од втората Шкендија Арачиново.
“Пиратите“ од Автокоманда имаат легитимно право да се надеваат и на првото место кое води директно во ПМФЛ.










