Кога ќе видиш дека на твојот тим не му оди а победата мора, ама баш мора да дојде, тогаш иако имаш 39 години ќе мораш работите да ги преземеш во свои раце, или нозе подобро кажано. Се разбира дека тука мислиме на Бесарт Ибраими кој со два гола сам го “реши“ Пелистер и на својата Шкендија и донесе екстра три златни бода во битката за титулата.Затоа е играч на 20.коло според “СпортСпорт“ Со овие два гола искусниот напаѓач дојде до бројката од 222 голови во ПМФЛ. Се разбира дека Бесарт е убедливо најдобриот стрелец во историјата на ПМФЛ.
Покрај него во тимот на колото се и Вебстер (Шкендија), Џеков, Пиреш и Додев (Силекс), Пецов (МЃП), Воша и Малески (Струга ТЛ), Матиќ (Вардар), Манојлов (Работнички), Ивановски (Брера).
ИГРАЧ НА КОЛОТО
БЕСАРТ ИБРАИМИ
Тим: Шкендија
Роден: 17.12.1986 во Кичево
Кариера: Влазерими, Напредок, Ренова, Шалке 04, Севастопол, Таврија, Металург Запорожје, Енозис, Ермис, Шкендија, Ксанти, Струга ТЛ, Шкендија.















