Во моментов во Тетово се игра дуелот од 25. коло од ПМФЛ шампионатот во кој се среќаваат домашната Шкендија и Пелистер.
На полувреме резултатот е 1:1, откако гостите преку Спировски погодија за водство, а израмни домашниот капитен Бесарт Ибраими.
Легендата на клубот, откако реализираше, поита на клупата за да го земе дресот на Решат Ибраими, и да даде до знаење дека постигнатиот гол е за него.
Јавноста веќе знае дека македонскиот репрезентатицец, Решат Ибраими на дуелот на Македонија против Ирска во Даблин потешко се повреди и ги скина лигаментите.
Му претстои долга пауза и операција но секако му посакуваме што побргу да се врати на терените.















