Роналдо Вебстер денеска попладне треба да пристигне од Јамајка, каде беше со својот национален тим со кој во финалниот бараж мес со Конго (1:0), не успеа да се пласира на Мундијалот. Сепак Јамајка е далеку а левиот бек нема да биде во комбинација на тренерот Јетон Беќири за денешната пресметка со Пелистер.
Ова со Вебстер е втор проблем кој е решлив од утре а кој го има Шкендија по настапот на играчите од овој клуб за националните селекции.
Големиот и проблем кој ќе трае со месеци се вика Решат Рамадани. Играчот за врска и најдобар фудбалер на Шкендија е пред долга пауза по повредата на лигаментите во Даблин на „пријателскиот“ мес за нашиот национален тим против Република Ирска.
И покрај тоа што не играат Вебстер и Рамадани, Шкендија оди по сите три бода во дуелот со битолските „зелени“ кои секогаш се тврд орев кога гостуваат во Тетово.















